ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 шолја јогурт
2 шолји брашно
1/2 шолја шеќер
1/2 шолја масло
1 ванила
2 јајца
прашок за пециво
50 грама чоколада
2 шолји јагоди
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изматете го убаво шеќерот со јајцата и ванилата, па потоа додајте ги јогуртот, маслото, брашното и прашокот за пециво. Матете уште некоја минута. Чоколадата по ваша желба исечкајте ја со нож на помали парченца и рачно со лажица замешајте ја во смесата.
Рерната загрејте ја на 180 степени, а тавата намачкајте ја со маргарин и посипете ја со малку брашно за да не ви се залепи колачот. Сипете ја смесата во тавата и протресете ја за да се распореди рамномерно. На крај врз неа истурете ги исечканите јагоди и печете околу 30 минути. Кога ќе биде готов, почекајте малку да се излади, а потоа можете да пробате и уживате уште додека е топол!