Експертот за чоколадо Патрик Роже ја прослави 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид со тоа што направи и постави чоколадна реплика.
Чоколадниот ѕид долг шест и висок три метри кој беше поставен во една улица во Париз, авторот го скрши со чекан и им ги подели парчињата чоколадо на минувачите.
Слаткарот употребил речиси еден тон чоколадо за своето дело. На ѕидот имало шари како оние на вистинскиот Берлински ѕид, со имињата на градовите и другите натписи.