НАСА ќе ја испрати првата жена на месечината

НАСА планира првата жена да ја прати на Месечината до 2024 година, пренесува Си-ен-ен.

НАСА добила дополнителни приливи во буџетот кои ги одобрил американскиот претседател.

„Само 12 луѓе оделе по Месечината. Сите биле мажи и сите биле Американци“, истакнал директорот за комуникации на НАСА, Нетини Инклан, додавајќи дека последниот човек на месечината чекорел во 1972 година.

Ниту една жена никогаш не чекорела по Месечината.