Нашата балерина Стефанија стана дел од престижниот ансамбл „Бољшој“

На сцената во московскиот театат „Баљшој“ младата балерина Стефанија настапи прв пат пред две години во улога на Аурора во балетот „Заспаната убавица“.

На сцената на театарот 18-годишната Стефанија Гаштарска го имаше своето деби пред две години кога настапи во улогата на принцезата Аурора во балетот „Заспаната убавица“.

Гаштарска има завршено основно музичко училиште во „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, а средно музичко училиште во Русија. Стефанија е првата македонска балерина која своето образование го заврши на престижната балетска академија „Бољшој“ со најдобри оценки.