Најпознатата и најубавата бинго девојка во Македонија, Натали Грубовиќ изминатиот викенд го кажа судбоносното „ДА“.
Таа и нејзиниот избраник, познат бизнисмен од Нови Сад, во хотелот „Метропол Палас“ одржаа интимната венчавка.
На церемонијата присуствуваа семејствата, но и најблиските пријатели на двојката.
Помеѓу највеселите гости биле сестрите на Натали, но и нејзините внуци кои објавија по некоја фотка.
Парот останува да живее во Нови Сад, каде Натали работи веќе неколку години.