Поп пејачката Наташа Беквалац се упати со својата сестра Кристина, нејзината внука и ќерка во далечната Кина, каде ќе поминат уште еден одмор оваа година.
„Наскоро мали Кинескињи, затоа што Шангај е секогаш добра идеја“, напиша Наташа на фотографијата која ја објави на социјалните мрежи.
Инаку, убавата пејачка е позната по тоа дека сака да одмара на луксузни дестинации, а само оваа година Наташа беше дури на три годишни одмори.