Судејќи по изјавите на вработените во еден црногорски хотел, пејачката Наташа Беквалац е најнепосакуван гостин.
Таа ги уценила луѓето од еден клуб во Игало да ѝ платат сместување во хотел, во замена за настап. Меѓутоа таа барала и нејзиниот бенд, сестра и и братучетка ѝ исто така да отседнат во истиот хотел гратис.
Пружена ѝ е врвна услуга и на сите кои ги повела сѐ им било бесплатно, но најлошо било кога еден ден нарачувала коктел за коктел, а кога келнерот ѝ ја донел сметката, бидејќи само првата тура била на сметка на куќата, таа не сакала да плати и почнала да му вика.
„Јас овде ништо не плаќам, разбираш? Ни овој пијалак нема да го платам, не ми паѓа на ум!Дали ти знаеш која сум јас? Ако не знаеш, оди прашај го директорот “ , викала Беквалац, а келнерот не сакал да влегува во кавга со неа.
На крај нејзината сметка ја платил тој од скромната плата, а таа си отишла со недопрен хонорар од настапот, кој изнесувал 7.000 евра.