Како што во пролет и лето кожата треба да се заштити од сонцето, исто така е неопходно да се заштитат и очите со квалитетни очила за сонце.
Сепак, малкумина од нас знаат дека не е добро очилата за сонце да се носат постојано додека сме изложени на сонце.
Експертите велат дека не треба да носиме очила за сонце во одредени периоди од денот, дури и ако е сончево.
Една студија објавена од американскиот Национален институт за очно здравје покажува дека УВ зраците можат да го оштетат протеинот во леќата, што на крајот може да доведе до мрежница или катаракта, што е водечка причина за слепило во светот.
Чест проблем со УВ зраците е тоа што не ги гледаме, а кога немаме очила за сонце, ја восприемаме светлината директно во окото, кое е многу чувствително на неа. Некои фактори можат да ја зголемат можноста за оштетување на очите, како што се водата, снегот, ветробранските стакла на автомобилот што ги рефлектираат сончевите зраци, па во очите ни влегува двојно поголема количина на УВ зраци.
Зраците се посилни на поголема надморска височина. Затоа обрнете внимание на тоа колку УВА и УВБ заштита нудат очилата. Најдобри се оние што се 99 до 100% сертифицирани против овие зраци.
И поскапите но и поевтините очила со оваа етикета ќе се подеднакво добри, но она што е важно е големината – колку се поголеми, толку подобро. „Ленонките“ на пример не нудат иста заштита од дифузните зраци кои доаѓаат од многу агли.
Значи, доколку сакате да ги заштитите очите, очилата за сонце треба да се носат кога ќе ја напуштите куќата, а надвор е сончево.
Сепак понекогаш треба да ја намалите претпазливоста и да шетате без очила за сонце. Докажано е дека луѓето кои се изложени на силна сончева светлина наутро, многу полесно заспиваат во вечерните часови.
Утринската светлина има големо влијание врз нашиот биоритам.
Носењето очила за сонце наутро може да го наруши овој биоритам, а последица ќе биде тоа што нема мирно да заспиете ноќта.
Затоа препораката е да не носите очила за сонце наутро до 9 или 10 часот. Се разбира, под услов да не гледате директно во сонцето, а сончевата светлина да не биде премногу силна.