Преживеал пад на авион, си ги одгризал прстите и наводно си го ископал окото, се борел во сите поголеми војни во минатиот век, бил застрелан во скоро сите делови од неговото тело и на крај починал од старост.
Само една од горе наведените несреќи би усмртила просечен човек или барем би му оставила трајни последици, но Сер Адријан Пол Картон де Виарт ги преживеал сите.
На Википедија пишува дека тој живеел во Белгија, Египед, Англија, Индија, Јужна Африка, Полска и Кина, студирал на Оксфорд, но се откажал од школувањето за да учествува во војна.
Се борел во Првата и Втората светска војна, бил застрелан во лицето, главата, стомакот, зголобот, ногата, колкот и увото.
Во една прилика лекарите не можеле да му ги ампутираат неговите прсти, па сам си ги одгризал. Иако легендата вели дека сам си го ископал окото затоа што му пречело при нишанење, на Википедија може да се најде информација дека окото и дел од увото ги изгубил за време на непријателски напад за време на Првата светска војна.
Сепак, стакленото око го извадил и го фрлил затоа што му „одело на нерви“.
Пред Втората светска војна бил воен советник на Винстон Черчил, а кога имал 60 години бил отпишан од војска затоа што младите генерали сметале декае престар.
Но, човек од ваков калибар не е лесно заменлив, па британската бојска наскоро го повикала назад во служба.
Една година подоцна тој побегнал од италијански логор, па една недела се преправал дека е локален селанец, иако не знаел ниту еден италијански збор.
Преживеал и пад од скали, а тогаш скршил десетина коски.
Војната, вели, за него била забавна и не можел да ги разбере луѓето кои живеле во мир и ја пропуштиле.
Овој неверојатен ентузијастички војник починал од старост во 1963 година во 83-та година од животот, а прогласен е за „најинтересниот човек на Википедија“.