Не е доцна, бидете во форма и после 40-тата година

Студиите покажуваат дека никогаш не е доцна да започнете со вежбање, иако не сте се занимавале со никаква спортска активност во младоста.

Луѓето во четириесеттите години сеуште имаат време да влезат во форма и да се здобијат со долговечност.

Истражувањата покажале дека луѓето кои почнуваат со фитнес од 40 години а продолжуваат со вежбањето и подоцна, ја намалуваат стапката на морталитет за 35%, исто толку како и оние кои вежбале целиот живот.

Бенефитите исто така се и намалување за 40% на смртните случаеви поради кардио-васкуларни болести и пад за 15% на морталитетот поврзан со карциноми, споредено со оние кои што не вежбале или спортувале.

Со вежбањето се стимулира природната одбрана на организмот токму кога е најмногу потребна.