Не е фотошоп: Ова е најстрмната улица во светот

Нов Зеланд не е само земја со преубаво природно богатство, таа е и земја каде се снимала трилогијата „Господар на прстените“.

Оваа земја поседува и уште една интересна работа, а тоа е најстрмната улица во светот.

Улицата Болдвин, која е дело на човечка рака, се наоѓа во градот Дунедин, на југот на Нов Зеланд.

Таа дури се најде и во Гинисовата книга на рекорди.

Интересно е тоа што луѓето сакаат да живеат на вака стрмна улица, а куќите кои се изградени на неа се многу интересни.

91

Градот дури дозволил и автомобили да поминуваат низ оваа улица, а тоа може да биде многу опасно, особено ако сакате да се паркирате.

steepest-residential-street-in-the-world-baldwin-street-dunedin-new-zealand-guiness-world-record-4

Улицата Болдвин е ваква каква што е денеска поради грешка во просторното планирање на градот. Кога градот Дунедин се создавал, дизајнери од Лондон направиле едноставен систем на мапи кои немале никаква врска со топографијата на регионот.

Интересно е што градот никогаш не се обидел да ја поправи грешката направена со улицата Болдвин.

Единствено поради што жителите на оваа улица не мораат да се грижат се поплави. А, доаѓањето дома, сепак, е посебна приказна.
Низ оваа улица можете да одите пешки

Но и на велосипед