Папата Франциско често и претходно предупредуваше дека не е убаво да се озборуваат пријателите и соседите, а истата порака ја упатил сега и на сопствениците на фризерски и козметички салони и бербери, модерните „храмови на озборување“.
Папата во понеделникот примил околу 230 италијански фризери, козметичари, бербери и стилисти, членови на Одборот Св. Мартин де Порес и меѓу останатото им порачал „да не потклекнуваат пред искушението на озборувањето“, кое е толку карактеристично за местата во кои ја извршуваат својата работа.
Наместо тоа, својата професија би требало да ја извршуваат „во духот на христијанството, кон клиентите треба да се однесуваат љубезно и со почит, притоа да им делат убави зборови и охрабрувања“.
Папата ранциско ги потсетил дека нивниот заштитник, Св. Мартин де Порес, перуански светец од 16-ти век, кој Павле VI го прогласил за заштитник на берберите и фризерите, поголемиот дел од животот го поминал помагајќи им на сиромашните и болните.
Италијанските фризерски салони и берберниците, традиционално биле затворени во понеделникот, поради што групата го избрала слободниот ден за посета на Ватикан.