Елена Ристеска со последното појавување уште еднаш потврди дека е една од најзгодните пејачки на македонската естрада.
Тоа го докажа и надвор од нашите граници, поточно во Германија каде присуствуваше на музичкиот фестивал „ДАФ Бама“ кој се одржа во Хамбург.
Се работи за реномиран музички фестивал на кој учествуваат најдобрите изведувачи од Европа и од Азија, каде Елена и Даниел Кајмакоски беа избрани како најдобри од Македонија.
Но, она што е мета на коментари на социјалните мрежи е фустанот на пејачката.
Белиот секси фустан од тантела, Елена го носеше минатиот месец на еден од нејзините настапи во Охрид, а истиот го облече и за настапот на музичкиот фестивал.
Очигледно Елена не се дели од овој секси фустан, па го носи во секоја поважна пригода.