Откако The Weeknd ја прекина врската со моделот Бела Хадид, музичарот сега е заљубен до уши и прсреќен со новата девојка, Селена Гомез.
Но, Бела не може да се помири дека тој ја преболел.
Таа ги скрила сите нивни објави на социјалните мрежи и се труди што помалце да ги прати актуелните случувањаво врска со новиот заљубен пар.
„Бела повеќе не може да издржи. Сите пишуваат за нив, сите социјални мрежи се преплавени со вести за Селена и The Weeknd.Таа ги скрила сите објави и се штити себе од тешки и болни емоции кои ја врзуваат со него. Таа пробува да направи место во својот живот за нова љубов“, изјавил извор близок до манекенката.