Секоја година, во периодот од 17 јули до 24 август, на небото се појавува метеорскиот дожд Персеиди.
Кулминацијата на овој небесен спектакл е вечерва и уревечер.
За време на максималната активност на Персеидите можеше да се забележат и по 80 до 100 метеори во еден час.
Персеидите се најпознатите и најубавите метеорски дождови.
Сајтот astronomija.mk на Скопското астрономско друштво открива дека Персеидите можат да произведат еден до два метеора во минута за одреден набљудувач под темно, рурално небо.
Било какво светлосно загадување или месечева светлина значително го намалува бројот на видливи објекти.
За небесната претстава во 2020, бидејќи Месечината во последна четвртина изгрева околу 11 часот, најдобро е да се бараат метеори веднаш по стемнување и пред изгревот на месечината.
Метеорите изгледаат како да излегуваат од соѕвездието Персеј, по кое е наречен дождот, кое ова време во годината изгрева по полноќ на североисточното небо низ целата северна полутопка.
Но се препорачува да се гледа кон североисток од почетокот на ноќта за да се фатат дури и заостанатите ѕвезди што паѓаат.
Не се потребни телескопи и двогледи – голото око е најдобро приспособено бидејќи може да го опфати целото небо, а метеорите можат да се појават секаде на небото, советуваат од astronomija.mk.