Една жена во Лондон забележала несекојдневен танц на куче во фонтана.
Кога била на пат кон „Central Saint Martins“ колеџот каде што работи, здогледала едно весело куче како трча под вода, па воодушевената жена веднаш го снимила тој сладок момент, а видеото го објавила на YouTube.
– Неверојатно е колку животните имаат способност да уживаат во едноставните задоволства во животот, напишала таа.
Со оглед на тоа што слична ваква фонтана се гради и на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, нема да не чуди ако во иднина имаме повеќе вакви снимки, но од Скопје :).