Теди Мазини на прослава на својот шести роденден, кој требало да се одржи во една пицерија, ги поканил сите 32. другари и другарки од класот…
Неговата мајка Сил очекувала десетина негови врсници и нивни родители на забавата во ресторанот но, никој не се појавил на роденденската забава.
Сил за каналот ABC15 Arizona раскажала дека некои родители порано и јавиле дека нивните деца нема да можат да дојдат, но не очекувала дека ниту едно другарче нема да се појави.
„За некое време завршив со забавите“, рекла таа.
Фотографијата од разочараниот Теди новинарите од ABC15 Arizona ја споделиле на својот службен профил на Фејсбук.
Фотографијата поттикнала лавина од коментари.
Теди добил роденденски честитки од луѓе од разни делови на САД.
„Луѓето понекогаш се чудни и непромислени. Тоа не значи дека ти не си супер, туку дека луѓето се тупи. Среќен ти роденден, малечок“, го тешеле непознати луѓе преку социјалните мрежи, а Теди добил и бројни подароци.
Меѓутоа, најголемиот подарок од сите дошол од кошаркарскиот тим „Феникс Санс“ кои го поканиле Теди на натпреварот против „ЛА Лејкерси“.
„Што велиш да прославиме со илјадници луѓе кај нас? Влезниците се твои, Теди, се слушаме наскоро“, напишале на Твитер и го воодушевиле разочараниот Теди.