Неделен хороскоп (04.07 – 10.07.2016)

Овен

Во текот на следниот период планетарните костелации ќе ви помогнат да ја фокусирате својата енергија и да се насочите на емотивно средување на вашиот живот. Некои случувања од претходниот период ќе го пригушуваат вашето расположение и ќе ве тераат на постаки кои не ви се многу пријатни. Семејниот и љубовниот живот ќе бидат ставени под лупа, а околностите ќе ве натераат повеќе да се насочите на работата и професионалното напредување. За да ги избегнете можните незадоволства, обидувајте се да одржувате чувствителен баланс меѓу приватниот и професионалниот живот.

Бик

Иако навидум се`е како што треба, нема да ви се допаѓа како стојат работите на партнерско и семејно ниво. Барањата на околината ќе бидат премногу формални за вашиот вкус, а вие потешко ќе се прилагодувате. Можеби ќе имате чувство дека другите се премногу критички настроени кон вас и дека никогаш не се задоволни. Држете го своето внимание на активностите кои не треба да бидат запоставени; придржувајте се на приоритетите и не дозволувајте да бидете излажани. Во љубовната сфера очекувајте подеми и падови, а поголемите компликации можете да ги избегнете со навремено интервенирање.

Близнаци

Планетарните констелации укажуват на љубовна хармонија и брз развој на настаните. Ќе биде нагласена потребата за емоционално примопредавање, нежност и романтика, а со самото тоа што повеќе ќе се залагате за односите, ќе бидете повеќе толерантни и подготвени на отстапки. Оние што се во долги врски ќе размислуваат за заедничката иднина, а некои ќе добијат убави вести за родителство. Ќе имате длабоки и силни емоции, а заедничките моменти ќе ве инспирираат на романтични и нежни гестови и постапки.

Рак

Ќе почувствувате стимул, повеќе ќе бидете заинтересирани за друштвени активности и остварување нови контакти со личности од спротивниот пол. На другите ќе им биде полесно да ги видат вашите позитивни страни и да одговорат на вашите сигнали. Време е да се опуштите, да се исправите и да продолжите таму каде што застанавте. Од друга страна, на работен план ќе ви се укаже прилика за промоција и напредок. Во тоа ќе ви помогнат пријателите, роднините на саканата личност, ама и познаниците кои сте ги стекнале во текот на животот. Кон крајот на неделата ќе сфатите дека ништо не е случајно и дека се`си доаѓа на свое место.

Лав

Вие влегувате во многу важно време, кога можете да ги надокнадите сите моменти и ситуации во кои досега се повлекувавте и им го отстапувавте местото на другите, како во приватниот, така и во професионалниот живот. Нагласена е вашата потреба за активно дејствување и докажување на својата вредност. Положбата на Марс во Скорпија нема да ви дозволи да чекате или да бидете скромни; директното дејствување ќе биде најкраткиот пат до целта. А во исто време ќе ви обезбеди и многу енергија и виталност. Подгответе се, следниот период носи значајни случувања кои можат темелно да го променат вашиот живот.

Девица

Положбата на Меркур ќе ве обдари со завидна елоквенција, љубов кон патувањата и нагласена желба за склопување нови пријателства. Во исто време ќе се зголеми обемот и интензитетот на работните обврски, како и бројот на луѓето со кои секојдневно ќе контактирате. Многубројните работни активности нема да ви оставаат многу време за друго. Разбирањето во љубовните односи ќе ви биде исклучително важно, но во исто време ќе имате силна потреба за слобода. Во одредени моменти партнерот нема да има разбирање и ќе влегува во вашиот простор, но вие ќе знаете вешто да се извлечете од таквите ситуации. Ако успеете на правилен начин да се организирате, вашата врска ќе се зајакне.

Вага

Силниот нагласок на десетиоиот сектор од вашата карта укажува на професионален успех и реализација, но во текот на овој период немојте премногу да се потпирате на факторот на среќата. Се`што ќе остварите ќе биде резултат на вашето лично залагање и труд. Иако ќе уживате поддршка од другите, вклучувајќи ги тука и надредените, во ниту еден момент немојте да заборавите дека ја заслуживте нивната помош и поддршка. На прв поглед ќе изгледа како да остварувате успех без многу труд; бидејќи убаво ќе се чувствувате на своето работно место, вешто ќе се снаоѓате во комуникацијата и лесно ќе остварувате работни познанства и контакти. Но, само вие ќе знаете што стои зад привидната ноншалантност и леснотија.

Скорпија

Со полна пареа ќе се посветите на завршување на започнатите задачи, а во исто време ќе се занимавате и со некои правни прашања и меѓучовечките односи во работното опкружување. Вашите критериуми ќе бидат високи и од другите ќе очекувате да бидат посветени и одговорни во извршувањето на нивниот дел од работата. Но, бидејќи тоа нема секогаш да биде случај, соработниците ќе го почувствуваат вашиот прикриен цинизам. Целите ќе ви бидат високи и ќе чувствувате силен порив да посегнете по она што сметате дека ви припаѓа. Ќе имате јасна визија за работата, јасен план и смислена стратегија, па во текот на следните три недели би можеле да ги остварите долгорочните планови.

Стрелец

Без оглед на тоа колку имате добри намери и колку се обидувате да го следите вашиот дневен распоред, во текот на оваа недела ќе ви биде тешко да бидете мотивирани. Положбата на сатурн и Нептун ќе ги засили дилемите и нејаснотиите, па односите со љубовните или работните партнери ќе бидат отежнати. Ова не е добар период за импулсивни реакции и донесување важни одлуки, а особено ако имате потреба да докажете некому нешто. Со желба да направите колку што е можно повеќе за кратко време, многу лесно би можеле да се исцрпите. Обидувајте се да одржувате хармонична комуникација со партнерот и соработниците.

Јарец

Имате желба некои работи да ги продлабочите, да ги расчистите ситуациите кои ве ограничуваат во дејствувањето, или ве одалечуваат од некого. Од една страна го анализирате минатото, а од друга точно знаете што сакате. Ова не значи дека вашата страсна и романтична природа ќе попушти пред барањата на разумот, туку значи дека вашите критериуми се подигнуваат и барате повеќе од животот. Настаните ќе бидат верен одраз на вашите квалитети и недостатоци. Тие ќе бидат вашиот верен патоказ во сето она што содржи потенцијал за развој и промена. Длабоко во себе занаете дека се`ќе биде во ред, па дури и во моментите кога работите не изгледаат така.

Водолија

Положбата на Меркур ќе ве поттикнува да ги барате одговорите на вашите прашања во неодамнешните случувања. Се чини дека некои модели на однесување се повторуваат, а кога еднаш ќе сфатите зошто, промената ќе се наметне самата по себе. Вашата потреба за дружење и поврзување со другите ќе биде зголемена, но вие ќе се обидувате да ја задоволите на начини кои нема да одговараат на личностите со кои сакате да ги споделите своите доживувања. Позицијата на Марс во Скорпија внесува немир и тензија во вашите мисли и постапки, па ќе биде потребно да одржувате рамнотежа.

Риби

Како резултат на Сонцето во знакот на Рак, ќе бидете полни со енергија и ќе привлекувате луѓе и настани кои се поволни за вас. Во текот на оваа недела положбата на Меркур ќе го направи вашиот живот значително полесен. Од друга страна, положбата на Венера и Плутон ќе биде предизвикувачка на љубовно и партнерско ниво. Ќе бидете склони на љубомора и осветољубивост, па и вие самите ќе се изненадите од силината на емоциите и потребата да ги споделите со блиските. Но, во исто време, на Рибите кои си замеруваат себеси за својата неодлучност и зависност од околината, следниот период им нуди можност за акција и промена.