Овен
Некакви промени се нагласуваат изминативе недели. Во текот на оваа и идната недела, ќе се расчисти некоја неизвесност. Тоа значи дека и вашите финансии ќе се стабилизираат. Работата подразбира дека ќе бидете повеќе во движење или патување – било за работа или до подалечно работно место. Внимавајте со кого се здружувате или што потпишувате. Многумина ќе размислуваат за почеток на приватен бизнис, но за сега само собирајте информации.
Бик
Проблемите од минатата недела премногу ве затворија во себе, па така неделава ќе сакате да се повлечете во себе се додека на некои од нив не им дојде крајот. Вашите идеали ве доведоа во незавидна положба, па сега преиспитувате дали да ги менувате нив или да вложите дополнителни напори за да ги достигнете. Односите со околината ви се доста нестабилни и крајно време е да се обидете да ја поправите таквата ситуација. Навистина во моментот треба да бидете потолерантни, а влегувањето во расправии без причина само може уште повеќе да ги разниша односите со соработниците.
Близнаци
Како резултат на одредени пречки или опструкции, ќе морате да барате мудри заобиколувања и да го контролирате своето однесување. Доволно е само да не ја расфрлувате вашата енергија, обидувајќи се да ги побрзувате работите; на тој начин само ќе се исцрпите себеси. Наместо тоа, фокусирајте се на можноста за подобро поврзување со вашите партнери и блиски пријатели, на спонтан и иновативен начин. Искористете ја можноста да пронајдете решенија за некои хронични проблеми кои ве прогонуваат подолго време. Ќе биде потребно да гледате на работите од друга перспектива. Или пак можеби во разговорите со пријателите ќе имате блесоци на брилијантни идеи за справување со актуелните прашања и теми.
Рак
Можеби ќе чувствувате потреба да застанете во одбрана на вашите идеи, убедувања и ставови. Ќе имате впечаток дека другите не се согласуваат со вашиот светоглед, но навистина е тешко да се обидувате да ги менувате туѓите емоции и чувства, а посебно ако тие се вградени во камен. Ако се обидувате да го направите токму тоа, ќе станете фрустрирани и анксиозни. Мудро би било да се фокусирајте на личностите кои ги споделуваат вашите ставови и гледишта. Од никаде би можеле да се појават некои радикални и прогресивни нови идеи. Од друга страна, можете да очекувате подобрувања на материјално и практично ниво.
Лав
Ситуациите се менуваат и бараат од вас интелектуално да се ангажирате. Тоа нема да ви биде тешко. Од четврток имате идеи кои многу брзо можете да ги материјализирате. Кој повеќето, финансиската состојба се зголемува. Сепак, внимавајте на парите и што потпишувате. Секако, можете да сметате на нечија подршка. Внимавајте на млади и премногу амбициозни личности кои сметаат дека сте им конкуренција па можеби и да ве саботираат.
Девица
И покрај фактот дека некои од вас премногу сериозно гледаат на своојата животна ситуација и имаат потешкотија да ја подигнат својата креативност, сепак оваа недела би можела да биде многу поучна, па дури и забавна. Доволно ќе биде само да ги избегнувате аргументирањата кои не водат никаде и ве држат во инертна точка. Од друга страна, ова е одличен период за здружување и унапредување на односите со вашите соработници; треба да бидете повеќе интерактивни и иновативни. Кој вели дека не можете во исто време и да работите и да се забавувате?
Терезија
Премногу се оптоварувате со работи кои во овој момент не ви се достапни. Тоа кај вас предизвикува нервоза. Со тоа не само што можете да ги пореметите односите во средината во која живееете и работите, туки и себе си да си предизвикате здравствени проблеми. Паметно испланирајте ги и реализирајте ги вашите деловни акции. Совладајте ја нервозата и ќе ја спречите главоболката. Не се двоумете туку веднаш изберете некој од колегите кој може да ви помогне и разработете ја работата по етали. Само на таков начин очекувајте дека ќе имате успех. Поставувате свои услови и брзо ќе забележите дека и другите ги прифаќаат.
Скорпија
Ве очекуваат доста новини во полето на работата, особено оние кои се занимаваат со интелектуална работа. На ова поле најдобро ќе ги извршувате работните задачи, највероватно поради добрата интуицијата и концентрацијата која неделава ќе доминира кај вас. Доколку работата ви е поврзана со повеќе луѓе, контактитете ќе ве измачуваат. Не влегувјте во непотребни расправии. Гледајте си ја вашата работа. Финансиската состојба и покрај сите очекувања, останува иста.
Стрелец
Внимавајте да не ја трошите енергијата на непотребни работи. Не делувајте многу емотивно на евентуалните закаснувања или препреки и не размислувајте за неважни работи кои се надвор од доменот на вашата работа. Ќе ви бидат нагласени духовните особини. Ќе барате друштво на луѓе со кои делите политички или религиозни ставови, уметнички или образовни интереси. Ќе имате доволно време и да се посветите на секојдневните активности. Ако планирате да започнете нов проект, не двоумете се, ве очекува успех и поддршка од соработниците.
Јарец
Чуствувате минлива напнатост, но сепак ќе бидете мирни, а расположението ви се враќа. Дозволете си себе си повеќе време, негувајте го својот изглед. На некои од вас ќе му се исполни некоја стара желба. Односите на работното место не се онакви какви што посакувате, но треба да знаете дека не треба постојано да се наметнуавте со своите ставови. На финансиски план нема да дојде до некои поголеми промени, но внимавајте некоја непромислена одлука од ваша страна да не предизвика непланирани трошоци.
Водолија
Надворешните прилики ќе бидат завртени против вас. Иако проблемите воглавно ќе бидат објективни, од деловна природа, вашата приватна сфера ќе трпи. Искористете го моментот бидејќи само со одлучна акција ќе го решите проблемот. Доколку ги вербализирате и тактизирате работите, би можеле да пропуштите одлична прилика. Растргнати сте помеѓу желбите и можностите. Не ви е лесно, но ќе мора да бидете трпеливи. Ќе успеете да го реализирате тоа што сте го наумиле, бидејќи не се откажувате така лесно.
Риби
Ќе бидете почуствителни од обично. Односите со околината ви се отежнати. Премногу сте горди за да прозборите за вашите проблеми и не сакате да се соочите со работниот неуспех. Сепак секоја ситуација делува корисно. Ослободете се од погрешни навики и прифатете ги зборовите од другите како добар патоказ за понатаму. Премногу темпераментно делувате во ситуациите за кои вашата околина или сакана личност има поинакво гледање и решение. Кај некои Риби постои можност за јавно промовирање. Би било добро вашето внимание да го свртите кон нешто кртеативно, популарноста на тоа поле би била поголема.