Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Ве очекува подобрување на материјалната ситуација со кое ќе бидете многу задоволни.
ЉУБОВ: Љубовта која ја чувствате кон некое лице од некоја причина мора да остане скриена.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со уринарниот тракт.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Периодот е неповолен за склопување на било каква соработка или нови договори.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта сакате да го сочувате бракот, но кавгите се константни.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Имате многу работа, а можно е од некоја причина да ги решавате и туѓите проблеми и задачи.
ЉУБОВ: На полето за љубов имате секојдневни ситни кавги со саканото лице но не се откажувате од него, ниту тоа од вас.
ЗДРАВЈЕ: Можете да очекувате пад на имунитетот.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Немојте да очекувате дека било што ќе извлечете на среќа. Единствено со работа и труд ќе дојдете до резултати.
ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува ненадејно и возбудливо познанство.
ЗДРАВЈЕ: Слаба точка ќе ви биде кардиоваскуларниот систем.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Доколку се занимавате со приватна работа, можни се некои компликации и потешкотии.
ЉУБОВ: На љубовното поле ве очекува период во кој нема да имате многу сила за расправии со партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Водете сметка за органите за варење, најверојатно се прејадувате.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Доколку планирате деловно патување во странство периодот е добар за овие нешта.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, можно е да гаите некои илузии за саканото лице.
ЗДРАВЈЕ: Можни потешкотии со дишните патишта.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Може да се каже дека имате впечаток дека на деловен план тапкате во место, иако финансиите не се лоши.
ЉУБОВ: Емотивната состојба ви е стабилна, имате мали проблеми но се е во најдобар ред.
ЗДРАВЈЕ: Можни тешкотии поради лошата исхрана.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Периодот нема да ви биде поволен за работа и најдобро е сеа да ги оставите на страна важните работи.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта повредени сте но и подготвени сте да му простите на партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со главоболка и чувствителен предел околу очите.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Лесно ќе ги заобиколувате деловните проблеми и нема да бидете оптеретени со обврски.
ЉУБОВ: На полето за љубов повеќе ви одговара самотијата или некоја авантура, отколку сериозна врска.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со низок притисок, недостаток на енергија.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Многу соработници и пријатели може да ве разочараат, па затоа задржете ги важните информации само за себе.
ЉУБОВ: Љубовта ви е важна но некако немате доволно време за тоа, потрудете се да го пронајдете.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Деловната ситуација ви е променлива, матна и ни самите немате увид во сите случувања.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта ве очекува зближување доколку сте во врска и нови можности за врска доколку сте слободни.
ЗДРАВЈЕ: Можен проблем со болки во грбот.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Генерално состојбата на работа би можела да ви биде подобра и наскоро ќе им се посветите на добрите промени.
ЉУБОВ: На полето за љубов не сте премногу ангажирани, слободата ќе ви одговара.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со болки во нозете, особено колената.