Неделен хороскоп (09.01-15.01.2017)

Овен

Работа: Поволен период за сите претставници на првиот зодијачки знак, посебно ако работат со услужни дејности. Поволна соработка ќе имате со странци во овој период. Добра вест е дека ќе ви биде вратен некој заостанат долг.

Љубов: Ќе влезете во поволна фаза каде што ве очекува подобрување на односите со саканата личност. Ќе уживате во заедничките моменти.

Здравје: Болки во грбот.

Бик

Работа: Не превземајте премногу работни обврски следнава недела. Можно е мало унапредување на работното место.

Љубов: Имате чувство дека партнерот не ви ги возвраќа посакуваните чувства. На слободните претставници им претстои пријатно познанство.

Здравје: Проблеми со грлото.

Близнаци

Работа: Ве очекуваат проблеми во работното опкружување. Не потпишувајте никакви договори оваа недела, ако не морате. Не влегувајте во непроверени бизнис-зделки.

Љубов: Можно е некоја пријателска врска да помине во нешто посериозно.

Здравје: Мала настинка.

Рак

Работа: На финансиско поле ќе дојде до посакувниот пресврт, поволен за вас. Парите ќе ви бидат приоритет во овој период. Бидете внимателни колку трошите.

Љубов: Слободните претставници ќе имаат можност да бираат помеѓу неколку опции.

Здрвје: Проблеми со кожата.

Лав

Работа: Ќе имате голем наплив на енергија во претстојниот период и ќе работите неколку работи истовремено. Со вашата упорност и храброст ќе дојдете до посакуваната цел.

Љубов: Ви следува интересно познаство.

Здравје: Можни проблеми со грбот.

Девица

Работа: Извесна е стагнација на работното поле со која неизбежно ќе мора да се соочите. Можно е да се разочарате во некое долгогодишно пријателство.

Љубов: И на на љубовен план е можна стагнација и да владее неповолна атмосфера. Настреони сте кон расправии.

Здравје: Забоболки.

Вага

Работа: Полни сте со работен елан, ви претстои возбудлив период. Ќе најдете баланс во вашето опкружување.

Љубов: Остварување на вашите желби.

Здравје: Внимавајте на нозете.

Шкорпија

Работа: Ве очекува унапредување на работното место, но при тоа мора да очекувате и некои ситни проблеми поврзани со тоа. При крајот на неделата, можен е паричен прилив.

Љубов: Можност за паралелни врски. Пазете се од интриги.

Здравје: Внимавајте од вируси.

Стрелец

Работа: Добра соработка ви претстои со некоја Вага или Бик. Не се повлекувајте пред предизвиците и бидете одлучни за да го остварите посакуваното.

Љубов: Не е потребно да бидете иронични кон партнерот.

Здравје: Настинка.

Јарец

Работа: Имате чувство како да се наоѓате во гладијаторски ринг, но не грижете се, ќе излезете како победник над вашата конкуренција.

Љубов: Се чувствувате осамено. Не грижете се, ќе имате можност да запознаете личност со која може во иднина и да запловите во брачните води.

Здравје: Проблеми со крвните садови.

Водолија

Работа: Поволен момент за планирање и вложување во некој бизнис или пак, подигнување на кредит, можеби. Ви следи подобрување на материјалната состојба.

Љубов: Можна афера на работното место. Внимавајте!!

Здравје: Грозница.

Риби

Работа:Треба да внимавате на некои административни пречки во престојниот период. Подмирете ги вашите долгови.

Љубов: Ќе имате афинитет кон флертување и љубовни излети.

Здравје: Проблеми со органите за варење.