Овен
Ви следува динамичен период во кој ќе бидете исполнети со самодоверба во односите со другите. Вашите иницијативи ќе наидат на одобрување кај претпоставените на работа и ви следи успешен период на сите полиња. Доколку нешто тргне наопаку, ќе направите сè за да се вратите на вистинскиот пат.
Бик
Поставеноста на планетите говори дека иако понекогаш сакате да бидете сами и да се изолирате од луѓе, во овој период ќе се поврзете со некого и тоа ќе трае уште долго. На финанскиски план работите се поволни. Можно е да се почувствувате заробени во работата и настаните околу вас, но не за долго.
Близнаци
По напорната работа од изминатиов период, се чини дека веќе ништо не ви стои на патот до успехот и сиот труд ќе почне да ви се исплатува. Конечно ќе ги реализирате вашите идеи кои носат убави промени во иднина. Ве очекуваат многу дружења со партнерот и пријателите кон крајот на неделата.
Рак
На работа обидете се да не ризикувате премногу- потрудете се да ги реализирате сигурните планови и идеи за во иднина. На интелектуално ниво, ова е период кога барате смисла и значење во животот. Имајте повеќе трпение во односите со другите и научете подобро да се организирате.
Лав
Овој период ќе сфатите дека немате секогаш контрола ниту врз финансиите, ниту врз емотивниот живот. Не секогаш можете да ги разберете потребите на луѓето околу вас. Најважно е да ги слушнете со внимание. При крајот на неделата очекувајте нови креативни можности.
Девица
Имате некој проблем во семејството или некое несогласување на работното место, но иако ви изгледа дека тешко ќе се реши, со тек на време работите ќе си дојдат на свое. Со партнерот можеби имате различни гледишта за многу работи, но и двајцата сте согласни дека се движите во вистинската насока.
Вага
Овој период е период за љубов, страст, средби и романтика. Нема да згрешите ако ги послушате емоциите. Идеално време е да работите со некој кој презема иницијатива. Не брзајте со одлуки во ситуации кои не зависат од вас. Обидете се да раскрстите со минатото.
Скорпија
На работа ви следува одличен развој на настаните бидејќи конечно вие ќе ја водите играта, заедно со вашите лојални следбеници. Ваквата добитна комбинација ќе ви донесе и финансиски успех. Внимавајте со проценките на луѓето околу вас- немаат сите добри намери.
Стрелец
Ви следува убав период полн со возбудливи и интересни настани. Ќе започнете неколку проекти, ќе имате повеќе романтични средби, сè на сè, ви стои успех на сите полиња. За време на викендот, можно е да остварите некоја долго посакувана средба со важна личност.
Јарец
Интересен развој на настаните во домот, најверојатно некој член од вашето семејство има нова љубов- факт што вас посебно ве усреќува. Иако имате проблеми во комуникацијата со партнерот, бидете трпеливи и не дозволувајте да ја загрозите врската поради мали кавги.
Водолија
Имате чувство дека доаѓаат нови работи во вашиот живот. Постои можност за нови, возбудливи промени во работата/ учењето кои ќе се инспирираат. Имате уште многу да научите и уште многу нови луѓе да запознаете. Опуштете се и оставете луѓето сами да ги сфатат работите, не им треба секогаш ваша помош.
Риби
Имате многу соништа за иднината, но исто така сте свесни дека постојат и пречки за нивно остварување. Добро е што го имате партнерот на ваша страна да ве соочи со реалноста. На работа обидете се да сфатите дека не секој го дели вашето мислење за работите. Токму таков пристап од повеќе различни агли може да ви биде од корист.