Неделен хороскоп (13.02 – 19.02.2017)

Овен

Работа: Сите ваши лични ангажмани ќе вродат со плод во оваа недела. Марс и Венера се во добра позиција, а со тоа и позитивната енергија енергија ќе биде на завидно ниво.

Љубов: Ќе бидете одлучувачки фактор во љубовниот живот. Се ќе зависи од вас од вашите потези во настапите. Партнерот ќе биде великодушен према вас.

Здравје: Чувајте се од настинки.

Бик

Работа: Се наоѓате во позитивна фаза. Обидете се да извлечете максимум покажувајќи пријателски став.

Љубов: Ќе се двоумите помеѓу две личности која да ја изберете. Прилично страстен период.

Здравје: Диета.

Близнаци

Работа: Можни се проблеми во работното опкружување. Во периов ќе мора дополнително да се ангажирате и секоја брза акција ќе биде добредојдена за вас.

Љубов: Сознанието дека не ви е возвратена симпатијата од одредена личност не треба да ве обесхрабри.

Здравје: Можни вирусни инфекции. Чувајте се.

Рак

Работа: Доколку размислувате за промена на работното место, сега е вистинското време да го сторите тоа. Среќно!

Љубов: Премногу сте преокупирани со работата и не забележувате дека постои личност во вашето опкружување, која ви е сосема компатибилна.

Здравје: Болки во зглобовите.

Лав

Работа: Ќе имате добра соработка со колегите па дури и со оние со кои не сте соработувале баш најдобро. Пријателите ќе ви овозможат да го сочувате позитивниот став.

Љубов: Партнерот се труди да ви покаже дека се грижи за вас. Посветете му вимание!

Здравје: Можна е несоница. Повеќе одмор.

Девица

Работа: Доколку бидете дисциплинирани ќе успеете во сите ваши планови. Во работното опкружување можно е некој да бара совет повеќе, од вас.

Љубов: Ќе се појави одреден сомнеж во врска со љубовниот живот, но верувајте сето тоа е неосновано, затоа не грижете се премногу.

Здравје: Повеќе сон.

Вага

Работа: Одредена позитивна одлука може да реши некои заостанати планови. Поволен период за започнување на бизнис во кој ќе можете да бидете рамноправен партнер.

Љубов: Внимавајте, одлуките кои ќе ги донесете во овој период може да бидат нерационални.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

Шкорпија

Работа: Не ги одложувајте започнатите работи и проекти, бидејќи пропуштените шанси никако не се враќаат.

Љубов: Периодов ве очекуваат многу важни случувања. Но, внимавајте не пребрзувајте со вашите постапки.

Здравје: Земајте повеќе витамини.

Стрелец

Работа: Бројните познанства и контакти ќе ви овозможат да успеете да завршите некои проекти кои сте ги започнале неодамна.

Љубов: Слободните преставници ги очекува нова врска. Многу преставници на овој знак ќе се навраќаат на некои неразрешени ситуации од минатото. Вклучете ја својата интуиција, ќе ви биде од голема помош.

Здравје: Алергии.

Јарец

Работа: Ќе бидете во ситуација да изгладите некои одамна настанати недоразбирања, а сето тоа благодарејќи на вашата убедливост.

Љубов: Имате преголеми очекувања од партнерот, што може да влијае како оптеретување за вашата врска.

Здравје: Зголемен стрес.

Водолија

Работа: Бидете спремни на забрзано темпо во наредниов период. Позицијата на планетите може додатно да ви ја искомплицира ситуацијата. Моменталната ситуација може да изгледа помалку мрачно, но не грижете се ќе помине брзо.

Љубов: Недостаток на меѓусебно разбирање може да доведе несогласување со вашиот партнер.

Здравје: Проблеми со забите.

Риби

Работа: Одбегнувајте контакти со луѓе кои се напорни.

Љубов: Внимавајте со вашето нервозно однесување, може да ја доведете во прашање вашата врска.

Здравје: Болки во грлото.