Неделен хороскоп (14.11-20.11.2016)

ОВЕН

Љубов: Шармот и еротиката ќе ви бидат главните обележја и критериуми со кои ќе се раководите во личниот живот овие денови. Можеби ќе и одите на нерви на саканата личност затоа што кога таа ќе посака малку мир, вие ќе сакате активност. Воздржувајте се малку.

Работа: Вашите претпоставени ќе го зголемат притисокот, но вие ќе имате доволно сила и за зголемен обем на работа. Веројатно и ќе уживате во сите тие работни задачи. Некои од вас сега ќе добијат работа. Кај други ќе се зголемат нивните одговорности.

Здравје и совет: Внимавајте да не прегорите.

БИК

Љубов: Ќе продолжите да се снаоѓате како знаете и умеете. Еден ден ќе биде добро, а веќе другиот ден лошо. Најдобро ќе биде вториот ден да бидете сами. Не влегувајте во расправии, нема добро да завршат. Доброто време помеѓу вас и саканата личност поминете го во љубов.

Работа: Ќе се засили кореспонденцијата со колегите кои не се од вашето место на работење. Ќе се поврзете со нив и ќе разменувате деловни искуства. Некои поради тоа ќе патуваат. Тоа ќе ги освежи и во нив ќе разбуди деловни идеи.

Здравје и совет: Ќе бидете креативни во кујната.

БЛИЗНАЦИ

Љубов: Поголемиот дел од седмицата ќе уживате сами или во друштво со пријателите, било да сте со саканата личност или без неа. Често ќе бидете во мешано друштво и сите ќе бидете задоволни. Оние што се уште сами лесно ќе воспоставуваат контакти.

Работа: Ќе вложите малку повеќе труд во работите каде треба да се покаже креативност или таму каде што има публика. Во дејностите кои се работат од сенка, ќе работите онолку колку што морате, а не сте свесни дека по тој пат можете далеку да стигнете.

Здравје и совет: Побарајте хумористични содржини.

РАК

Љубов: Добриот ветер во грб во љубовниот живот ќе ве следи во текот на целата седмица. Искористете го поволниот период за да си обезбедите квалитетен однос со личноста која ви значи. Можни се подолги излегувања, весели излети или патувања со партнерот кои ќе ви останат во добро сеќавање.

Работа: Ако ви се чини дека пред вас е долг пат, прифатете го тоа со радост, патот е добар. Она што се придвижило, ќе продолжи и понатаму да се развива и тоа на стабилен начин. Вам ви преостанува да се приспособите најдобро што можете.

Здравје и совет: Нека ве води интуицијата.

ЛАВ

Љубов: Веројатно ќе се забавувате со загадочна љубов или ќе го почувствувате искушението на тајна љубовна врска. Главно ќе играте на картата шарм и незадолжителна врска, но под тоа ќе се крие сосема нешто друго. Ќе сакате идеална, длабока љубов. Онаа, која тешко се досегнува.

Работа: Влегувате во период кога работаа ќе ви биде во втор план. Деновите се добри за домашни работи, па ако можете земете барем дел од годишниот одмор. Оние што работат, ќе функционираат рутински. Ќе го сработат она што мораат, а со духот ќе бидат отсутни.

Здравје и совет: Ќе уживате во секој спорт.

ДЕВИЦА

Љубов: Повеќето наредни денови ќе бидете задоволни. Некои од вас ќе мислат дека имаат крилја. Со саканата личност ќе бидете подготвени да делите баш сè. Оние што се уште сами повеќе нека позборуваат со луѓето од поблиското опкружување. Тука ги чека една симпатија.

Работа: Ги остваривте целите над вашите очекувања и сега чувствувате потреба за одмор или барем малку да здивнете. И времето е поволно за краток одмор. Кој може, нека патува. Кој не може, веројатно вредно ќе продолжи со работата. Некои ќе менуваат колега, па ќе работат за двајца.

Здравје и совет: Потреба ви е релаксација.

ВАГА

Љубов: Застој, пречки и фрустрации, тоа ќе биде обележјето на оваа седмица. Оние што се во подолга и стабилна врска и го познаваат партнерот, ќе знаат како да го издржат овој период. Всушност, не е лошо, но во споредба со она што е зад вас, полошо е. Заборавете го минатото. Доаѓа нов ден.

Работа: Вашите соработници овие денови може да одиграат важна улога во вашата кариера. Веројатно ќе се одлучува за нешто што ќе има влијание на вас. Можно е да добиете прилика за напредување за чие значење уште не сте свесни.

Здравје и совет: Одете чекор по чекор.

СКОРПИЈА

Љубов: Ќе успеете да ја премостите дистанцата во личните односи, како и нерасположението. На двајцата ќе ви биде мило поради тоа. Оние што се уште сами ќе бидат заинтересирани за спротивниот пол повеќе од вообичаено. Нема да се двоумат за додворување.

Работа: Почнуваат вашите пет минути кога навистина ќе можете да покажете сè што знаете. Затоа заборавете на било каква лажна скромност, сетете се на сè што до сега сте постигнале и со полно право презентирајте ги своите способности. Ќе бидете делотворни и успешни.

Здравје и совет: Отворете се за она што доаѓа.

СТРЕЛЕЦ

Љубов: Ќе изгледа како некој претходно добро да ве разгалил, па сега и најмалата фрустрација ја доживувате како драма. Важно е со тоа да се справувате трпеливо и да имате на ум дека сè ќе помине. Немојте да потпаднете под искушенија, добро се држите.

Работа: Ќе се замислите за својата иднина, особено за своите таленти. Ќе сфатите дека тие не се до крај изразени и искористени. Ќе барате начини како да ги вклопите во работата што ја работите, а некои од вас ќе ризикуваат со нова, дополнителна работа.

Здравје и совет: Бидете она што сте.

ЈАРЕЦ

Љубов: Дури и ако не сте баш најзадоволни, немојте да бидете сами, отидете помеѓу луѓе. Тие со задоволство ќе ве прифатат и уште повеќе, ќе сакаат да бидат во вашето друштво. Веројатно ќе имате многу додворувачи, а тоа што нема да ве исполнуваат, не е голем проблем. Популарни сте.

Работа: Чекате другите да го дадат својот суд за она што сте го направиле заедно со соработниците. Тие ќе ве поддржат, но вие од себе ќе барате повеќе. Понекогаш вашите очекувања ќе бидат нереално високи. Никој не е совршен.

Здравје и совет: Јадете повеќе овошје и зеленчук.

ВОДОЛИЈА

Љубов: Пред вас се сè поубави љубовни денови, но проблемот е во тоа што постојано ќе бидете во искушение да претерувате со страстите. И правите притисок на саканата личност со вашите барања или покажувате љубомора. Со малку поголема самоконтрола, можно е да бидете среќни.

Работа: Ќе се интензивираат темите како финансии или листа на приоритети во работењето. Некои фирми можеби ќе постават нови правила во тоа подрачје. Ќе мора да се покажете како сериозен и професионален соработник. Можно е да се одмеруваат вашите постигнувања.

Здравје и совет: Победувате во борба.

РИБИ

Љубов: Ќе изгледа како да ги држите сите конци во своите раце. Сепак вашиот приватен живот постепено ќе се подобрува. Полека ќе се врати насмевката на вашето лице. Немојте да очекувате бајка, но со малку толеранција, сè ќе биде добро.

Работа: Колку долго сте мечтаеле за некои деловни потези, толку сега имате прилика да го покажете своето деловно умеење или знаење. Веројатно ќе се зголеми вашето влијание на другите кога станува збор за работата, но и обратно. Тоа ќе биде интересна размена на искуства.

Здравје и совет: Ќе има интересни соништа или несоници.