Неделен хороскоп (16.01. – 22.01.2017)

Овен

Работа: По бурниот период, за вас драги Овнови следува една порелаксирана и помирна недела. Ви следува собирање на плодовите од вашиот неодамна вложен труд.

Љубов: Следнава недела ќе уживате во многу опуштена атмосфера во љубовта. Ви следат романтични моменти со својот партнер. Свежа енергија и страст.

Здравје: Внимавајте на колената.

Бик

Работа: Полни сте со самодоверба и имате чувство дека може да постигнете се што ќе замислите. Полни сте со работен елан. Поволен период за инвестиции, проекти и бизниси.

Љубов: Духовната компатибилност ќе биде од најголемо значење во овој период.

Здравје: Повеќе одмор.

Близнаци

Работа: Кариерата ќе оди во нагорна линија, но внимавајте ако сакате да вложите или инвестирате во некој бизнис, не е поволен периодот. Почекајте!

Љубов: Осамените припадници на овој знак ќе може да уживаат во многубројните љубовни понуди!

Здравје: Полни сте со енергија.

Рак

Работа: Очекувате повик од странство, а можно е и да заминете на кратко патување. Поволен период за сите кои се занимаваат со недвижности. Не се задолжувајте безпотребно.

Љубов: Прилика за запознавање на потенцијален партнер и тоа “on-line”.

Здравје: Одлично.

Лав

Работа: Ќе мора да се потрудите да бидете поиновативни во периодов за да го постигнете посакуваното. Среќата е на вашаta страна. Добар период за купување на технички апарати, гаџети и.т.н.

Љубов: Ќе бидете многу популарни во своето опкружување. Партнерот ќе ја цени вашата великодушност.

Здравје: Внесувајте повеќе течности.

Девица

Работа: Поволен период за Девиците. Следува започнување на нови проекти, бизниси, можеби и основање на нови фирми. За невработените, можност за запослување.

Љубов: Запознавање на потенцијален партнер на јавни случувања, можеби на некоја изложба или концерт.

Здравје: Проблеми со вратот и рацете.

Вага

Работа: Препуштете и се на својата креативност. Спојот на работа и задоволство е клучот на успехот. Неочекувана парична добивка.

Љубов: Осамените Ваги може да го сретнат својот потенцијален партнер преку работата.

Здравје: Одлично.

Шкорпија

Работа: Не плашете се да го спроведете замисленото во пракса. Некои од вашите пријатели очекуваат помош од вас.

Љубов: Ќе делувате помалку “ладно” иако во суштина не сте такви. Можност за враќа ње на некоја “стара” љубов во вашиот живот.

Здравје: Можни психолошки пречки.

Стрелец

Работа: Ќе бидете независни во донесувањето на важни одлуки, ќе ги превземете сите работи во свои раце. Не дозволувајте туѓото мислење да влијае на вас.

Љубов: Односот со партнерот ќе се подобри. Уживајте

Здравје: Повеќе одмор.

Јарец

Работа: На амбициозните претставници на овој знак, семејството ќе им биде приоритет во овој период. Работата ќе ја стават во втор план.

Љубов: Стабилна состојба.

Здравје: Посета на заболекар.

Водолија

Работа: Не ја чекајте пролетта за да го започнете посакуваното. Период на просперитет.

Љубов: Внимавајте на своето однесување, не реагирајте импусивно во однос на партнерот.

Здравје: Добро.

Риби

Работа: Ќе наидете на тешкотии во работата. Ќе мора да вложите дополнителен труд за да успеете во работата.

Љубов: Ќе имате чувство дека со партнерот, секој влече на своја страна. Потрудете се да направите компромис.

Здравје: Вежбајте.