Овен:
Љубовните проблеми ќе бидат ублажени со позитивни влијанија од секојдневната преокупација. Емотивните дилеми ќе ги решавате свртени кон обврските.
Бик:
Новите случувања внесуваат тензија во опкружувањето. Ги избегнувате кавгите и балансирате меѓу колегите, но обврските ве исцрпуваат.
Близнаци:
Ќе развиете комуникација со личности кои ќе будат нови работни идеи. Прифатете компромис, ќе се чувствувате многу подобро.
Рак:
Разни фактори влијаат на промени на работната сцена. Потрудете се да ги завршите обврските,но без притисок.
Лав:
Плановите се остваруваат полесно. Долгоочекуваното конечно заврши, по што ќе знаете каде да ја насочите енергијата. Околината повторно се отвора кон вас.
Девица:
Претстојат деловни одлуки кои ги чекавте. Покажете ги вештините и лидерството. Внимавајте на финансиите. Не трошете на луксуз.
Вага:
Направете селекција со колегите кои ви го трошат времето. Ослободете се од непотребниот умствен товар.
Скорпија:
Внимавајте љубовните проблеми да не се прелеат и на работа. Малите неуспеси нека не ве разочаруваат. Работите одат во позитивна насока.
Стрелец:
Лежерноста не ја префрлајте на работното место. Ќе се бара повеќе труд, особено таму каде треба одговорност и стабилност. Во меѓувреме, не заборавајте да се дружите.
Јарец:
Претстојат искушенија во кариерата, надополнети со стрес и докажување на работа. Прво согледајте што ви се нуди, па дејствувајте без брзање. Внимателно.
Водолија:
Не можете да ги предвидите реакциите на другите, затоа бидете претпазливи и одмерени. Немате концентрација во работата. Ќе се појават проблеми.
Риби:
Големата желба за работа, овојпат ќе има крилја. Но, има многу детали кои мора да се проверат. Штедете се со подобра организација.