Неделен хороскоп (27.06 – 03.07.2016)

Овен

Се наоѓате во период кога од вас ќе се бара прилагодување на околностите. Ќе размислувате и за некоја промена. На работното место влеговте во мирен период. Ќе се најдете во ситуација да им помагате на помалку успешните соработници. Прекумерното внесување храна лошо се одразува на вашиот организам. Во љубовта ви се советува да се чувате од бурни реакции и невреди, бидејќи на таков начин го одбивате партнерот.

Бик

Ситуацијата од вас бара трпение. Тоа за припадниците на овој знак е тешко, но ќе мора да се навикнат на тоа. На работното место ви се советува да се чувате од провокации и импулсивност. Во спротивно проблемите се неизбежни. Кога се работи за здравјето, нервозни сте па сето тоа уште повеќе ја влошува ситуацијата. Каде е тенко таму и се кине. Во љубовта на повидок е нова врска, но вие сте избирливи кога љубовта е во прашање. Лукаво ќе му пристапувате на овој проблем.

Близнаци

Сонувате на јаве. Тешко ви е да се помирите со реалноста, која ниту малку не ги исполнува вашите очекувања. ако сакате да постигнете работен успех, жртвувањето е неминовно. По почетокот не е лесно, но стрпете се успехот нема да изостане. Здравствените проблеми ќе ги совладате доколку на време им посветите внимание. Нова љубов е на повидок. Ќе уживате во прегратките на саканото лице и ќе размислувате за иднината.

Рак

Доколку постојано се напнувате, морате да се контролирате. Бидејќи не сте способни да управувате со себе,ќе бидете склони кон кавги и ексцеси. На работното место конечно можете да здивнете. Повеќето Ракови ги очекува заслужен период на релаксација и опуштање. Кога се работи за вашето здравје, очекувајте чести промени на расположението пропратени со депресивни моменти. Во љубовта со партнерот склучивте примирје. Доколку сте слободни нова љубов ве очекува во Август.

Лав

Иако сте опкружени со многу луѓе, индивидуалист сте. Многумина од вас ќе побараат совет. А на кому вие да се пожалите? Мудро ќе влетате во нови работни потфати. Сваќате дека нема што да загубите. Кој ризикува тој и добива. Бидејќи не умеете на правилен начин да јатрошите енергијата можни се здравствени проблеми. Во љубовта ќе фантазирате за личност која постојано би ве опсипувала со нежност и внимание. Можеби таа личност е некаде во близина?

Девица

После долгите проблеми влеговте во мирен период. Чувствувате дека сте духовно и интелектуално стабилни. Сите акции се во рамнотежа. На работното место ќе добиете унапредување, кое доцни веќе подолг период. Ако се земе во предвид дека убавите работи пристигнуваат во вистинско време, славенички сте расположени. Кога се работи за вашето здравје, подолг период бевте загрижени, но сега свативте дека нема потреба за никаква паника. Во љубовта бидете потолерантни.

Вага

Импулсивни сте и реагирате во афект. поради што сте толку напнати и нервозни? Можеби околностите не се така лоши како што изгледаат? На работното место искрснаа проблеми. Работата моментално е во застој. Додека се обидувавте да им помогнете на другите, се воспостави дека помошта ви е потребна вам. Кога се работи за здравјето можни се проблеми со црниот дроб и панкреасот. Не се исклучува и камен во жолчката. Под итно на лекар. Во љубовта ве очекуваат долги и топли денови.

Скорпија

Влеговте во среќен период. Добро сте расположени, иако за тоа немате некои конкретни причини. Во работата ситуацијата е ваква- или многу работите, или сте без работа. Кога се работи за вашето здравје, слаба точка на организмот се жлездите со внатрешно лачење. Бидејќи се поврзани со вашето расположение, лесно ќе го ублажите овој проблем. Во љубовта само фантазирате. Стварноста не ветува ништо па затоа им се препуштивте на нереалните работи.

Стрелец

Се чувствувате ранливо. Се што се случува околу вас го доживувате емотивно. на работното место се добро започна, но од парите ништо. Вложивте премногу напор и на крај останавте на нула. Кога се работи за здравјето можни се некои стомачни проблеми. Внимавајте на исхраната. Во љубовта со партнерот ќе влегувате во вербални расправии, а сетоа тоа е поради материјална ситуација.

Јарец

За големо чудо, работите излегоа многу подобро, отколку што очекувавте. Сите околу вас се нервозни, а вие мртви ладни. На работното место нема да се случува ништо спектакуларно. Ќе размислувате да тргенте од почеток. Кога се работи за здравјето ви се советува да се пазите на главата и вратот. Зголемените физички активности би можеле многу позитивно да делуваат на вашата состојба. Во љубовта ќе се најдете во некоја дилема. Бидете внимателни и избегнувајте вербални дуели кои не водат во ништо.

Водолија

Романтично сте расположени. Бидејќи слободното време го минувате во друштво, убаво се чувствувате. Сфативте дека од она што се плашевте е самотијата. Дали сте знаеле дека сите проблеми потекнуваат од вашата глава? Негативните мисли можат да ви го загрозат здравјето. Во љубовта сте во хармонични односи со вашиот партнер. Бидејќи ќе ве изненади пријатно, ќе бидете задоволни. Сепак, потребно е да ја совладате хипохондричната црта на вашиот карактер.

Риби

Се наметнува желба да се наметнете во нешто за што не сте способни. Морате да бидете објективни спрема себе доколку сакате од моменталната ситуација да го извлечете максимумот. Во работата премногу ќе се внесете, но некои соработници ќе се обидат да ви попречат во работата. Кога се работи за здравјето можат да се појават проблеми со неконролираното внесување храна. Обидете се да ги простите пропустите на партнерот и се ќе биде одлично.