ОВЕН
Ќе пронаоѓате нови начини за лично изразување и ќе успеете да го привлечете вниманието на себе. Луѓето ќе ве сакаат, но се чини дека тоа нема да ви биде доволно. Покрај тоа што ви е важно да изгледате убаво, сакате да докажете дека сте се промениле како личност и сакате тоа да биде забележано. Сето тоа може да стане возможно, ако се посветите на себе, на начин на кој најмногу ви одговара. Како резултат на промената на приоритетите некои работи ќе ги отфрлите и ќе се насочите на љубовта, блиските односи, домот и семејството. Полесно и посмело ќе се впуштате во љубовни акции, ќе се соочувате и ќе ги решавате брачните проблеми. Би требало да посветите поголемо внимание на здравјето и да земате доволно витамини и минерали.
БИК
Со цел да бидете во чекор со промените кои се случуваат во вашиот живот, прво ќе морате да го надминете внатрешниот конфликт и категорично да донесете одлука. Кога одредена ситуација е созреана, промената настапува самата по себе и не можете да направите ништо во врска со тоа. Но, бидете свесни дека иако овие промени ви изгледаат како да ви се наметнати од надвор, тие се неизбежна последица на растот и развојот. Планетите кои се сместени во Девица ќе ви овозможат да бидете повеќе во контакт со своите чувства. Предизвикот е да го искажете со зборови тоа што го сметате за вистина и да бидете способни да направите разлика помеѓу вашите верувања за стварноста и реалната стварност.
БЛИЗНАЦИ
Свесни сте дека ви е потребна поддршката на околината за да ги остварите своите замисли. Можете лесно да ги придобиете со вашите вродени комуникациски вештини и со малку залагање и прилагодување. Во текот на оваа недела од вас се бара да бидете повеќе промислени и одмерени. Во спротивно, многу лесно би можеле да се најдете во неблагодарна позиција и во приватниот и во професионалниот живот. Ако имате некаква импулсивна реакција, немојте да се двоумите и веднаш извинете се, но не заборавајте да покажете дека сте наврени.
РАК
Планетарните констелации ќе се фокусираат на финансиските и материјалните прашања, а вие ќе имате потреба за повеќе удобност и задоволство. Многумина од вас ќе размислуваат на каков начин можат да ги зголемат своите приходи и да ги остварат своите желби и амбиции. Ќе имате можност да го промените она од што не сте задоволни, а тоа најлесно можете да го постигнете ако соработувате со другите. Немојте да се препуштите на задоволствата и искористете ги отворените можности за зголемување на приходите.
ЛАВ
Во текот на оваа недела треба да бидете свесни и промислени, бидејќи односите на партнерско ниво ќе бараат повеќе трпение и разбирање. Можна е расеаност, нефокусираност, интензивирани емоционални состојби, а не се исклучени и стресните ситуации кои ќе го тестираат прагот на вашата толеранција. Ќе биде потребно да внесувате повеќе рамнотежа во примарните односи и да се трудите да ги разбирате состојбите низ кои поминува партнерот. Се разбира дека треба да внимавате на вашите зборови и дела. Со малку свесно залагање работите многу лесно би можеле да тргнат во вистинската насока.
ДЕВИЦА
Вашата флексибилност и подготвеност да ги уважувате туѓите потреби видно ќе опадне. Искористете ги следните денови за да влезете во костец со некој сериозен проблем. Ако не ја промените тактиката и гледната точка, најверојатно ќе се чувствувате како да се вртите во круг. Слободните ќе бидат повеќе смели и ќе се впуштаат во отворена акција. Ако сакате да заведете некого, ќе морате да внимавате на однесувањето и да не бидете премногу наметливи. Потпрете се на добро познатите методи и ќе постигнете најдобри резултати.
ВАГА
Околностите брзо ќе се менуваат, а вие ќе се најдете во ситуации кои бараат брзи реакции и одлуки. Искористете го овој период за важни разговори; повикајте ги личностите на кои сакате нешто да им кажете, или едноставно да ги натерате да превземат одговорност за нивните постапки. А, можеби најважно од се друго, време е да се ставите себеси во центарот на вашиот свет и да се изборите за тоа што го сакате. Бидете сигурни во себе и имајте на ум дека вашето самопочитување можете да го подобрите ако се опкружите со личности кои ве ценат и почитуваат.
СКОРПИЈА
Ќе имате потреба да се потпрете на некоја личност, која ќе може да ви помогне да го вратите својот баланс во сите оние ситуации кога претерувате и одите во крајности. Скорпиите кои се во стабилен партнерски однос ќе поминуваат низ период на преиспитување и анализа на вредностите. Кога е во прашање работата, поставете си конкретни цели, временски рокови за нивното остварување и придржувајте се на нив. Морате да се прилагодите на авторитетите и да не се спротивставувате на постоечките правила, бидејќи тоа ќе биде залудно.
СТРЕЛЕЦ
Работите видно се менуваат, па во текот на следниот период повеќе ќе уживате во флертувањето, заведувањето и страсните прегратки. Ова е време за будење на вашите емоции, предавање и продлабочување на односите. Ќе имате убави моменти со пријателите и партнерите, а интимните разговори уште повеќе ќе ве зближат. Поддршката и љубовта на другите ќе го разубавуваат и облагородуваат вашиот живот.
ЈАРЕЦ
Во текот на оваа недела ќе остварувате многу контакти, ќе барате нови начини за подобрување на приходите и професионално напредување. Некои од вас ќе се впуштат во финансиски ризици; ќе подигнуваат кредити или ќе прават други финансиски шпекулации. Вашите цели ќе бидат високи, а саканата личност и пријателите целосно ќе ве поддржуваат. Ќе чувствувате силна поддршка и ќе бидете свесни дека не сте сами, а тоа дополнително ќе ја зголеми вашата самодоверба и решителност во соочувањето со животните предизвици.
ВОДОЛИЈА
Во текот на следниот период ќе бидете вклучени во интересни општествени случувања. Ќе имате можност да разговарате со некоја личност со која ги заладивте односите од одредени причини. Ќе склопувате нови пријателства и ќе се движите во различни кругови. Ќе имате прекрасни моменти со пријателите и саканата личност. Вашите страсти ќе се разгорат, либидото ќе се подигне, а светот на сетилата ќе го надвладее разумот. Слободно можете да се препуштите на задоволствата, но бидете умерени.
РИБИ
Дел од тензијата доаѓа од исчекувањето на одредени промени. Но некои работи веќе се очигледни, па останува само да се прилагодите на новите околности. Работите се уште не се готови, партнерите се уште не се стабилизирани, а вашето вреднување на работите постојано се менува. Ќе биде потребно да надминете уште неколку пречки. А многу важен дел од тоа е подготвеноста да се напушти минатото и да се донесе цврста одлука за приземјување во сегашноста. Едно е да се отпуштат работите, но подготвеноста да се прифатат е нешто сосема друго. Се додека не го направите тоа, работите нема да бидат готови.