Неделен хороскоп (30.01-05.02.2017)

Овен

Работа: Ќе ви биде потребно поголемо количество на енергија за да може да одговорите на обврските кои ве очекуваат неделава. Авторитативна личност ќе ви овозможи да го постигнете замисленото. За незапослените се препорачува повеќе да се ангажираат за најдат работа.

Љубов: Ќе мора да смените нешто во своето однесување, бидеќи на партнерот трпението му е при крај и можно е да се сврти повеќе кон своите интереси.

Здравје: Повеќе физичка активност.

Бик

Работа: Се препорачува добро да размислите што се однесува до некои договори кои ќе ви бидат понудени. Можеби и не е тоа што сте го очекувале. Пробајте да ги подобрите односите со колегите.

Љубов: Една личност покажува голем интерес за вас, а тоа ќе ве заинтригира да размислите за постоечката врска дали да ја продолжите или не.

Здравје: Можни вирусни инфекции.

Близнаци

Работа: Имате шанса да ги свртите работите во ваша корист. Внимавајте вашите зборови ќе имаат тежина, затоа пазете како комуницирате со колегите. Бидете поорганизирани оваа недела.

Љубов: Пробајте да разговарате со саканата личност за вашиот однос да се подобри.

Здравје: Проблеми со зглобовите.

Рак

Работа: Целосно сте посветени на работата и кон крајот на неделата ќе завршите со отпочнатото.

Љубов: Делувате помалу чудно во однос на партнерот. Во еден момент сте посветени на него а во другиот делувате сосема отсатни.

Здравје: Настинка.

Лав

Работа: Работите неколку работи истовремено што ви одзема големо количесто на енергија. Фокусирајте се на една работа и се ќе оди како што треба, не грижете се.

Љубов: Една личност ќе се издвои од толпата и ќе ви го привлече вашето внимание.

Здравје:Повеќе внимавајте на вашето здравје.

Девица

Работа: Ангажирајте се повеќе оваа недела, излезете од летаргијата.

Љубов: За ваша среќа, партнерот ќе има разбирање за вас во секој поглед.

Здравје: Внимавајте на исраната.

Вага

Работа: Ќе биде потребно да смените нешто во вашето однесување, заради тоа што имате чувство дека ве искористуваат, што е многу веројатно.

Љубов: Поволен период во однос на љубовта особено откако Јупитер планетата на среќата влезе во вашиот знак.

Здравје: Одлично.

Шкорпија

Работа: Добри вести ве очекуваат неделава, посебно оние претставници на овој знак кои соработуваат со странство. Вистински момент за да се реализира замисленото.

Љубов: Добра усогласеност со партнерот.

Здравје: Добро.

Стрелец

Работа: Среќата ќе биде на ваша страна, добрите околности ке ви одат во прилог! Искористете ги.

Љубов: Можни неприлики со партнерот. Однесувајте се малку поодговорно.

Здравје:Хронични тегоби.

Јарец

Работа: Имате чувство дека стоите во место, што и не е погрешно. Очигледно ќе ви треба некој да ве покрене од место, за да тргнете напред.

Љубов: Не сте задоволни со љубовниот живот, но спремни сте да поработите за истиот да се подобри.

Здравје: Пад на имунитетот.

Водолија

Работа: Ќе плените со својот оптимизам. Полни сте со позитивна, а згора на тоа ќе имате голема поддршка од страна на вашите надредени.

Љубов: Шармантни и неодоливи ќе бидете опкружени со голем број обожаватели.

Здравје: Одлично.

Риби

Работа: Ќе треба да почекате за некои работи да појдат во позитивен правец.

Љубов: Партнерот очекува поддршка од вас. Разговарајте отворено за вашите проблеми.

Здравје: Повеќе сон.