Некогаш чудо од дете, денеска чудак со крзнени уши на главата

Пред точно 25 години премиерно беше прикажан првиот дел од семејната комедија „Сам дома“.

Приказната за 8-годишниот Кевин, кога родителите ќе го заборават дома и кој сам се бори со двајца не баш паметни крадци, многумина ја засакаа поради фантастичната глума на тогаш 9-годишниот Меколи Калкин.

Момчето веќе имаше искуство глумејќи во неколку филмови и серии дотогаш, но улогата во филмот „Сам дома“ му донесе светска слава.

hitportal-mekoli-kalkin

Две години подоцна, во 1992 година беше снимено и второто продолжение, а Меколи како тинејџер глумеше во уште неколку семејсни филмови како „Моја девојка“ и „Ричи Рич“. Меѓутоа, после тоа, кариерата му стагнираше и скоро една деценија не сними никаков филм.

Калкин 8 години беше во врска со Мила Кунис, а се зборуваше дека и интензивно се дрогира и ја губи битката со зависноста и како неговиот изглед се менуваше, од време на време на интернет се појавуваше несолена шега за неговата смрт.
Многу слаб, неизбричен и со неуредна фризура се појавуваше повремено во јавноста, а од медиумите добиваше само критики.
Не му беа наклонети и режисерите на филмовите, кои се поретко го ангажирала, па ова некогаш многу популарно момче ѕвезда во последните години го позајмуваше гласот во цртаниот филм „Robot chicken“ и се појави во неколку споредни улоги во филмови и серии.

Се појави и на Комик Кон во Њујорк каде уште еднаш изненади многумина со неговиот изглед – излакирани нокти, неуредна, долга коса.

hitportal-mekoli-kalkin3 hitportal-mekoli-kalkin2