Некогаш продаваше крв за да заработи за леб, денес има милиони

Американската пејачка и текстописец Никол Шерцингер откри дека давала крв, само за да добие пари. Семејството на поранешната пејачка од “Пусикет Долс” не можело да си дозволи да ја испрати во колеџ, поради што моралада помине низ голем број нископлатени работни места во обид да заштеди за своето образование.
“Направив многу за да одам на колеџ – бев шминкерка, пеев опера во италијански ресторан …”, изјави таа.
Најкрајна активност била давањето на крв за пари. 39-годишната убавица се чувствувала многу горда на напорите кои довеле до остварување на сонот.
Таа признава дека е задоволувачки да го постигнеш сама сопствениот успех во музичката кариера, наместо да го добила на подарок. Таа објасни пред “Cosmopolitan” уште: “Не можевме да си дозволиме да посетувам вокални или танцови часови, затоа во основното училиште сфатив дека ако отидам во посебно средно училиште, би можела да влезам во школата за уметност во која сакам да одам. По неколку години на битка со сиромаштијата, судијата од “X Фактор” признава дека сè уште е многу штедлива и внимателно ги размислува трошоците и не прифаќа ништо здраво за готово.
Никол-Шерцингер-2