Родителите имаат обврска да го научат своето дете на добро однесување.
Добрите манири уште од рано детство влијаат во понатамошниот раст и однесување на детето.
Во продолжение, неколку бонтон-правила кои треба да ги практикува детето.
– Важно е секојдневно да се користат зборовите како „благодарам“, „ве молам“, „нема за што“ и „извинете“.
– Правилното однесување на масата и за време на оброците е многу важно.
– Никогаш не прекинувајте постара личност додека разговара со друго лице.
– Научете како да дадете комплимент на вистински начин и никогаш не коментирајте туѓ изглед, освен ако не сакате да дадете комплимент.
– Да му се помогне на некој што е во неволја, особено ако станува збор за личност која е беспомошна или слаба.
– Треба да знаете како да воспоставите контакт со очите за време на разговорот со друга личност.
– Треба да им се обраќате на возрасните на име, освен ако тие не го побарале тоа. Наместо тоа, може да се додадат „тетка“ или „чичко“ пред името.
– Тропајте на вратата пред да ја отворите.
– Секогаш треба да ја покривате устата додека кашлате или се проѕевате.