Неколку генетски модифицирани луѓе веќе шетаат меѓу нас

Настанал впечаток дека човештвото ги преминало границите. Кинескиот научник Хе Џанкуи на 26-ти ноември соопштил дека се родени близнаци со гени кои тој им ги изменил додека уште биле ембриони.

Но, на некои начин ова не се новости. неколку генетски модифицирани луѓе веќе одат меѓу нас. Кон средината на 90-тите години, неколку лекари кои се занимавале со плодност, од Њу Џерси, се посомневале дека некои жени не можат да забременат поради неисправниот материјал во јајце-клетките. За да ги подмладат, лекарите од јајце-клетките на здрави жени земале дел од материјалите и со инекција ги внесле во јајце-клетките на своите пациентки, пред да биде изведено вонтелесно оплодување.

Лекарите за таа процедура не добиле дозвола од американската Управа за храна и лекови – FDA. А дури откако пациентките подложени на овој третман родиле здрави бебиња, лекарите ја споделиле веста.

Некои луѓе, меѓутоа, биле шокирани. Нашите клетки работат со помош на митохондрии од кои секоја носи сопствени гени. Тоа практично значи дека лекарите од Њу Џерси можеби создале деца кои носат ДНК на три лице, наместо на двајца родители.

Тоа и било случај. Лекарите откриле дека некои деца носеле митохондриски ген на давателот. Во извештај од 2001-ва година, ова го нарекле “прв случај на генетска модификација на луѓе која резултирала со нормални, здрави деца”.

FDA била незадоволна. Барала клиниките да вршат тестирање на овие методи. Клиниките престанале со инјектирање на јајце-клетки. Дотогаш, меѓутоа, биле родени десетина деца со мешана ДНК. Лекарите од Њу Џерси подоцна пронашле неколку од овие деца и не откриле ништо необично во врска со нивното здравје.

Докторот Хе од Универзитетот за наука и технологија во Шенжен, во ноември соопштил дека создал две генетски модифицирани бебиња, менувајќи ДНК на ембриони со помош на технологија под име “Crispr”.

Тој од генот CCR5 отстранил дел од ДНК. Луѓето во чии гени не се наоѓа споменатиот генетски материјал наводно се имуни на ХИВ инфекции.

Хе детално ја претставил својата работа на конференција во Хонгконг. Прогласен бил за неодговорен. Кинеската влада тоа го нарекла илегално.

Глен Коен од Харвард размислува што би можело да уследи.

“Ќе се донесе строга регулатива”, смета тој. Кога се луѓето исплашени “носат одлуки кои не се баш суптилни”.

Скот Готлиб од FDA предупредува на “потенцијални регулативи и закони”. Тоа би било штета. Можеби ќе дојде до момент кога менувањето на ембрионите ќе има медицинска примена.

Научниците во Велика Британија разгледувале користење на терапии за замена на митохондриите во човечките јајце-клетки. По расправата, парламентот во 2015-та година ја одобрил процедурата.

Министерството за здравство во февруари соопштило дека третманот бил одобрен за две жени на клиниката во Њукасл. Клиниката одбила да открие дали бебињата биле родени.