Тина ја открила овошната исхрана пред пет години откако се обидела да пости пред празник.
Потоа, две години подоцна, таа се сели на Бали за да се посвети на својата овошна исхрана подалеку од западниот стил на живот.
Кога првпат се обидела да јаде само овошје, таа веднаш забележала дека има повеќе енергија, се чувствува посреќна и задоволна, а кожата и изгледа помладо.
На Бали, таа се запознала со Симон Беун од Белгија.
Двајцата внесуваат околу 2.000 и 4.000 калории дневно а жедта ја гаснат со свежа кокосовска вода, пишува „Daily Mail“.
Забите не ги мијат веќе две години, бидејќи овошните влакна го прават тоа наместо паста.
Како и другите овошни придобивки, тие велат дека овошјето лекува депресија и други хронични болести. Тина објасни дека нејзиниот нов начин на живот и помогнал да се доведе во ред, бидејќи предходно имала проблем со вишокот на килограми.
Првата недела се чувствував неверојатно – лесно, оптимистично, дури и супер богато. Летав 30 сантиметри над земјата – се чинеше дека сум вљубена во сè. Првичните резултати од овошната диета ги забележав главно на менталното здравје. Решив дека повторно нема да се вратам на нормална храна. Тоа, сепак, е полесно да се каже отколку да се направи, а во првите две години честопати знаев да си зготвам нешто,- изјави Тина за „Daily Mail“.
Со нејзините 39 години таа јаде колку и нејзиниот 13 години помлад свршеник, па дури и не вежба, но не добива килограми.
Промената за Симон била значително полесна од нејзината, бидејќи тој претходно бил вегетаријанец. Ја открил оваа диета додека тренираше за маратон во последната година од колеџот.
– Бев отворен за сите видови експерименти, па почнав со овошната диета буквално преку ноќ. Се чувствував прекрасно и забележав голем напредок во трчањето – рече тој.
Тој се запозна со Тина на „Instagram“, каде што пишува за нејзиниот нов начин на живот. Ја контактирал со порака и ја пронашол следната година на Бали, каде што се вљубиле еден во друг..
Тие се убедени дека нивната исхрана исто така лечи рак, депресија и други хронични болести. Покрај тоа, тие наведуваат дека немаат проблеми со килограми, подобро спијат и имаат енергија.