Речиси и не постои работа во денешно време што не е стресна. Како да се избориме со овој факт и да ги преживееме напорните работни денови?
Постојат многу работи кои можете да ги направите за свое добро и да се чувтвувате одлично на работното место.
Потребно е да се опуштите на сите нивоа – ментално, вербално, психички и многу работи ќе дојдат на свое место.
Можете да останете смирени и опуштени ако ги следите следниве правила:
Не се обидувајте да запаметите се што треба да направите, запишувајте ги обврските
На секој половина час правете пауза од 5 минути
Не озборувајте со колегите
Фокусирајте се на она што го работите
Слушајте смирувачка музика
Пред да си заминете од работа, исчистете ја работната маса, за утредента се да почне како што треба.
Сепак, најбитно од се е да се сконцентрирате на решавање на работните, а не на домашните и љубовните проблеми, затоа што ако мислите на едно а работите друго, си создавате притисок и правите грешки.