Кеша моментално одмара во сончевиот и убав Палм Спрингс каде ги полни батериите по бурниот период во нејзиниот живот.
Пејачката оваа година неколку месеци беше на рехабилитација поради проблеми со исхраната, односно булимија, а последно се појави и на суд каде се соочи со менаџерот кој со години ја силувал.
Сепак лошите денови се зад неа и 29-годишната Кеша се релаксира заедно со нејзиното момче.
Пејачката се поајви во црно бикини кое потврди дека повеќе нема проблем со булимијата, но овој пат изгледа има проблем со вишокот килограми.
Многу фанови коментираат дека мора да почне да внимава на нејзината фигура, која е буквално непрепознатлива!