Немате вага? Еве како да ги измерите намирниците во кујната

Сигурно многупати сте биле во ситуација да не можете точно да ги измерите потребните состојки.

Доколку немате вага на располагање, еве како можете да измерите брашно, шеќер, гриз и други состојки со помош на лажица или на шолја.

Шеќер:

  • Рамна лажица – 12 грама
  • Полна лажица – 25 грама
  • Рамна лажичка – 4 грама
  • Полна лажичка – 8 грама

Шеќер во прав:

  • Рамна лажица – 15 грама
  • Полна лажица – 30 грама
  • Рамна лажичка – 5 грама
  • Полна лажичка – 10 грама

Брашно:

  • Рамна лажица – 12 грама
  • Полна лажица – 20 грама
  • Рамна лажичка – 3 грама
  • Полна лажичка – 7 грама

Гриз

  • Рамна лажица – 10 грама
  • Полна лажица – 22 грама
  • Рамна лажичка – 3 грама
  • Полна лажичка – 7 грама

Ориз

  • Рамна лажица – 15 грама
  • Полна лажица – 30 грама
  • Рамна лажичка – 3 грама
  • Полна лажичка – 5 грама

Млеко или вода

  • Лажица – 15 милилитри
  • Голема чаша – 100 милилитри
  • Шолја – 250 милилитри
  • Мала шолја – 50 милилитри

Зачини

  • Лажичка густин – 2 грама
  • Лажичка прашок за печиво или желатин во прав – 3 грама
  • Лажичка сол, лажичка млеко во прав или коцка шеќер – 5 грама
  • Лажичка мелено кафе – 6 грама

Зеленчук

  • Домат со средна големина – 100 грама
  • Морков со средна големина – 100 грама
  • Компир со средна големина – 90 грама
  • Кромид со средна големина – 90 грама