Необичен призор е снимен на аеродром на Филипините. Змија влегла во чекалната на и ги преплашила патниците.
Многумина биле во неверување како змијата успеала да ги пројде сите контроли и обезбедувањето и да успее да влезе во чекалната.
“Неможев да поверувам дека гледам змија! Никој не го очекуваше ова! Многу луѓе бе преплашени. Ситуацијата беше возбудлива и смешна” – изјавил патник.
На овој инцидент веднаш реагирало обезбедувањето кое успеало да ја смири ситуацијата. Влекачот е вратен во природа без да биде повреден.
Надлежните во аеродромот потврдиле дека змијата не е повредена.
“Не знаеме како успеала да стигне до чекалната без да биде приметена од обезбедувањето. Но никој од патниците не е повреден а тоа е најважно!” – стои во соопштението.
Snake spotted slithering through airport departure lounge https://t.co/zoLcLREov9 pic.twitter.com/COLg3CftNS
— The Independent (@Independent) September 15, 2018