Необична но превкусна зимница – мариниран лук

Состојки:

7-8 главици лук (околу 400 гр)
5 дл бистар сок од јаболки
2 дл јаболков оцет
1 лажичка сол
1 лажичка бибер во зрно
2 листа ловоров лист
2-3 гранчиња рузмарин
мајчина душица, жалфија (по избор)
кора од половина лимон
2 лажици шеќер

Подготовка:

Лукот се раздвојува на чешниња и се прелива со врела вода, да стои 2 мин. Потоа водата се цеди и се лупи лукот.
Во едно тенџере се ставаат сите состојки освен лукот и се оставаат да вријат 5 минути. Во друго тенџере се бланшира лукот, треба да врие 2-3 минути.
Бланшираниот лук се цеди од водата во која вриел и се додава во тенџерето со маринадата. Се вари уште 3 минути.
Тенџерето се трга од оган и содржината се пресипува во стерилизирани тегли, загреани во рерна. Теглите веднаш добро се затвораат, се завиткуваат во подебела крпа и се оставаат постепено да се изладат.
Маринираниот лук може да се јаде по 1 недела.
Затворените тегли можат да стојат и до една година, а кога ќе се отворат, се чуваат во фрижидер 3-4 недели.