Помина речиси цела година откако Бред Пит и Анџелина Џоли соопштија дека се разведуваат, но нивните пријатели сметаат дека нема воопшто да дојде до тоа.
“Разводот отпаѓа. Со месеци не преземаат ништо за да ја поместат постапката од мртва точка и никој не мисли дека до тоа воопшто ќе дојде“, изјави извор близок до двојката за „US Weekly“.
Кога Анџелина во септември 2016 година ги поднесе документите за развод, двојката беше во многу лоши односи.
Новото зближување меѓу Пит и Џоли најверојатно се должи на неговата посветеност на здравиот живот и желбата да се ослободи од порокот.