Меланија Трамп е позната по беспрекорниот моден стил.
Првата дама на САД дефинитивно не штеди на гардероба, па без пардон продефилира во богато украсен капут вреден над 50000 долари.
Ретки се моментите во кои убавата Меланија се појавила во ист стајлинг два пати, како што тоа често го прават дамите од кралското семејство како Кејт Мидлтон.
Убавата Словенка до сега очигледно не се замараше со коментарите дека премногу троши на облека и постојано се појавува со нови дизајнерски аутфити, најчесто со потпис од доминантни европски креатори.
Кога купува облека за првата дама, нејзиниот стилист секогаш се труди одбраните креации да не се предходно носени од популарни дами.
Вистинско изненадување за јавноста е доколку се случи Меланија да се појави во нешто “веќе видено”.
Но минатата недела атрактивната Меланија се појави на официјална вечера во фустан кој го носеше пред една година.
Само неколку дена подоцна, таа се појави во уште едно “рециклирано издание”, овојпат на вечера со директорот на Apple.
За оваа пригода одбрала црно бел фустан со асиметричен крој во кој се појави пред извесен период при посета на деца во болница во Флорида.
Поврзувајќи го ова со веста дека таа очајно сака да се разведе од Доналд Трамп, јавноста коментира дека можеби Трамп и го скратил буџетот за гардероба па мора да се “снаоѓа” со тоа што го има.
Enjoyed my visit to @StMarysMC today. So great to spend time with some of their brave patients and hard working doctors and nurses. pic.twitter.com/pm4UgMe0Gr
— Melania Trump (@FLOTUS) March 29, 2018