Американската серија „CSI Miami“ му донесе огромна слава на Дејвид Карусо, а поради театралното вадење на очилата за сонце во серијата, беше на мета на многу комичари.
По завршување на снимањето на серијата, актерот се повлече од јавноста.
61-годишниот актер, кого гледачите најдобро го паметат по улогата на Хорацио Кејн во серијата CSI Miami, целосно го променил својот изглед.
Актерот ја пуштил косата и темните очила за сонце ги заменил со диоптерски.
Дејвид почна да привлекува внимание со турбулентниот приватен живот, се ожени три пати, а пред неколку години беше фатен како се бакнува со двојно помлада актерка.