Оваа реклама од Тајланд сака да не потсети дека доброто со добро се враќа и дека постојат некои работи кои не се купуваат со пари.
Во човечката природа е познато дека лошите работи многу побрзо се шират отколку добрите.
Вестите од црна хроника станаа постојан гостин на насловните страни од весниците.
Се поставува прашањето – дали добрите работи делуваат врз луѓето со ист интензитет и дали добрите дела се враќаат како бумеранг?
Оваа реклама е за осигурителна компанија, а сака да не потсети дека и доброто со добро се враќа.
Погледнете за што станува збор: