Сезоната на џемпери е отворена, а сите сме се сретнале со најнезгодниот проблем поврзан со нив – нивното боцкање.
Колку и да ни се допаѓа, избегнуваме да го носиме боцкавиот џемпер, без да знаеме дека постои начин како да го претвориме во меко и удобно парче облека за уживање во зимските денови.
Она што треба да направите е да го омекнете вашиот џемпер. Неговите влакна се груби и затоа боцкаат. Потопете го проблематичниот џемпер со оцет и вода и оставете да отстои 20 минути. Исцедете го и оставете го да се исуши.
Но не треба да го оставате џемперот да виси при сушењето, затоа што така ќе се растегне. Оцетот ќе ја омекне секоја ткаенина и ќе го освежи џемперот.
Истот така, ставете го џемперот да преноќи во замрзнувачот. На тој начин влакната што боцкаат ќе останат на едно место и нема да имате проблем.