Научниците откриле дека некои лоши навики може да ни ја подобрат ситуацијата и да не направат поинтелегентни и послаби.
Еве од кои шест навики не мора да се откажувате.
Ако некому сметаат, слободно кажете дека водите здрав живот.
Џвакањето мастика ги подобрува менталните способности
Иако џвакањето мастика нема да направи да изгледате поинтелегентно, но ќе го забрза работењето на мозокот. Истражувачите од Универзитетот Сент Луис тестирале група од 159 студенти. Половина од анкетираните имале мастики за џвакање за време на решавање на тестовите и тешките задачи.
Студентите кои џвакале мастика покажале многу подобри резулатати од оние кои не џвакале. Но, овој резулатат не е долгорочен. Заклучено е дека добрината од мастиките трае само 20 минути.
Пцуењето ја намалува болката
Ако ги стиснете прстите со врата, сочната пцовка може да ви помогне агонијата да помине побрзо, покажуваат истражувањата на група британски научници.
Тимот истражувачи одбрал група студенти волонтери и им дале задача да ги држат рацете во кофа полна со лед што подолго и да пцујат колку што сакаат. Потоа повторно ги држеле рацете во кофа со лед, но несмееле да пцујат.
Кога пцуеле, студентите полесно ги поднесувале условите во кои се наоѓале. Истражувачите сметаат дека пцуењето е вид агресија која го одвлекува вниманието од болката и дека таквиот отпор им дава сила на студентите подолго да издржат.
Неуредноста може да ја надитри алергијата и астмата
Еве интересни добрини од ненаместен кревет: ги убива честичките кои предизвикуваат астма и алергија, тврдат британските научници.
Тие откриле дека креветот чува над милион честички прашина кои не се видливи со голо око, а кои ги вдишуваме додека спиеме. Местењето на кревет по будење ги предизвикува овие честички да преживеат и создадат алергија. Креветот кој не е наместен, во проветрена просторија, има спротивен ефект.
Важно е да се намали опсесијата за чист простор. Дозволете некоја бактерија да преживее, бидејќи така ќе си го зајакнете имунитетот.
Стегајќи се губите килограми
Тапкање со нога, цупкање во место и прекрстување на нозете за време на седењето помага во трошење на калории. Новите студии покажуваат дека луѓето кои се стегаат додека стојат и седат трошат и до 50 % повеќе калории од оние кои се во мирна положба.
Полесно слабеење имаат и оние кои не се штедат за време на куќните работи, односно често чистат со правосмукалка, мијат садови или пешки одат до продавница. Одржувањето на куќата исто така влијае на околу 100 калории помалку во текот на денот.
Нервирањето околу мали работи го заштитува имунитетот
Кога сте под стрес, често ви велат да се опуштите, но мала доза нервоза може благотворно да делува на вашиот имунитет. Имено, неопасните експлозии на стрес може да го зајакнат вашиот имунолошки систем и да ве заштитат од болести.
Нормално, хроничната тензија е секогаш нездрава и го зголемува ризикот од срцеви заболувања и појава на рак, па треба да ги избегнувате.
Трачарењето го ублажува стресот и иницира промени
Неодамнешната студија покажува дека разговорот со луѓето во вашето опкружување може да биде еден чекор кон подобро здравје. За време на разговор за другите го намалувате нивото на стрес, се запознавате себе си и другите, а може и да ги промените ставовите кон нештата.
Иако има позитивни страни, разговорот за луѓето кои не се присутни секогаш не е добар избор. Зајадливите коментари и исмевањето би требало да ги избегнувате, бидејќи нема да ви донесат добро.