На социјалните мрежи се појави меил во кој невестата ги известува поканетите гости дека свадбата е откажана.
Причината за ова е затоа што тие не ја уплатиле сумата од 1.500 долари која таа и младоженецот ја нарачале од секој гостин како подарок.
Сузан од Канада веста за откажувањето на венчавката им ја соопштила на пријателите само четири дена пред свадбата, пишува „Мирор“.
„За жал мојот свршеник и јас раскинавме поради некои проблеми кои не можат да се поправат. А тие се од финансиска природа. Не баравме многу, од секој гостин по 1.500 долари. Како можевме да ја имаме венчавката од соништата без соодветни подароци?“, пишала Сузан во мејлот.
Осум од гостите ја уплатиле оваа сума на нивната сметка. Кумата им подарила 5.000 долари, а семејството на несудениот младоженец 3.000.
„Нашето барање за подарокот од 1.500 долари воопшто не беше необично. Само осум од гостите ни пратија чек со тој износ“, додава Сузан.
Откако не ја добила планираната сума, свршеникот и понудил скромна венчавка во Лас Вегас, а таа му се насмеала во лице.
Според пишувањата на медиумите, на крајот родителите и кумата ги повлекле уплатените пари, а свршеникот ја оставил.