Минатата година спортскиот бренд „Nike“ привлече големо внимание кога ги најави патиките кои сами се врзуваат инспирирани од филмот „Враќање во иднината“.
Сега веќе се знае и датумот кога ваквите патики ќе бидат достапни во продажба, а тоа е 28 ноември.
Најпрво ќе бидат достапни во САД, каде потенцијалните купувачи ќе треба да закажат за да бидат ставени на листа на чекање за да ги купат.
Патиките се во три бои: црна, бела и сива, а ќе чинат околу 500 евра.