Американското Министерство за земјоделство посочува дека сите ние кои лубеницата пред консумирање ја ставаме во фрижидер,правиме грешка.
Кога е студена, лубеницата губи најголем дел од витамините и хранливите материи, па затоа треба да се чува на собна температура.
Уште една работа која научниците ја откриле е дека лубеницата продолжува да создава витамини и хранливи состојки и откако ќе биде наберена, но повторно, само ако е на собна температура.
Кога ќе ја ставиме во фрижидер, тој процес значително се успорува.
-Секоја намирница во фрижидерот губи здрави материи. Затоа лубениците треба да се купат онолку колку што ќе пресметата дека ќе изедете и веднаш да ја консумирате. Ако ви остане, најдобро е да ја изблендирате и замрзнете, па оставете за есен или зима. Секогаш за секое овошје, поголема корист е ако ја косумирате веднаш или неисечена да ја замрзнете, а најмногу хранливи материи се губат кога исечена ја ставаме во фрижидер, велат научниците.