Познатата водителка која веќе со години се бори со вишокот килограми, повторно изгуби повеќе од 20 килограми.
Во тоа и помогнала програмата „Weight Watchers“, благодарение на која може да јаде што ќе посака, но во количини кои ќе и ги одреди тренерот.
Не е познато колку килограми сега има Опра, но во 90-тите години кога беше најдебела маше 110 килограми.
Храната од нејзиниот омилен ресторан некогаш и ја доставувале и со авион.
„Не се откажав од храната што ја сакам, но веќе не си дозволувам да изедам неколку килограми тестенини со сирење во денот“, изјави Опра.
Опра е толку воодушевена од програмата за слабеење, што дури и купи 10% од акциите на компанијата во вредност од 40 милиони долари.