Кејт Мидлтон буквално ги засени сите на официјалното појавување на манифестацијата „Trooping the Colour parade“ како дел од прославата на 91-от роденден на кралицата Елизабета.
За ова појавување Кејт се одлучи за преубав розев фустан од Александар МекКвин, надополнет со шапка од Џејн Тејлор.
И додека сите беа воодушевени од аутфитот на Кејт, никој не ја виде скриената порака зад фустанот на војводката.
Експертите ќе кажат:
„Пред се, таа носи фустан на британски дизајнер, што на еден начин е оддавање почит на домашните производи, и испраќање порака за подршка на британците во ова политички тешко време за земјата. Второ, розевата боја е стратешки одлично одбрана бидејќи таа презентира порака на нежност и прогресивност“.